| четврток, 6 декември 2018 |

Нема подобра промоција за Барди во Примера, првиот меч против „жолтата подморница“

Македонија оваа година ќе има претставник во една од најсилните лиги во светот Примера дивизија, во Енис Барди, кој ќе ги брани боите на прволигашот Леванте.

За Барди ова е трета интернационална авантура, а своето деби во големото првенство нашиот репрезентативец ќе има шанса да го има како гостин, против екипата на Вилјареал, која Леванте ја доби на ждрепката во првото коло.

Примера стартува на 11 август. Мирко Петров беше првиот Македонец кој играл во Шпанија, а Благоја Китановски прв кој настапувал во најсилната шпанска лига. Потоа следеа деведесеттите и настапи на Стојковски, Канатларовски, Најдовски, Бобан Бабунски, Станиќ, а до пред две сезони член на Барселона Б беше Давид Бабунски. И натаму во Шпанија за Настик од Тарагона настапува Столе Димитриевски, кој претходно го носеше дресот на Гранада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top