| четврток, 6 декември 2018 |

Стојановски: Задоволни сме што победивме со мал број примени кошеви

Војдан Стојановски беше еден од најдобрите поентери на Македонија на денешниот меч против Португалија. По средбата, тој изјави дека е задоволен од одбраната, за која вели дека е најважна да биде на ниво пред стартот на претквалификациите.

– Во одбрана бевме солидни, се боревме, но шутот не не служеше баш најдобро, поготово за три. За нас оваа победа е значајна и најважно е што одбраната е на солидно ниво. Нападот ќе дојде сам по себе во продолжение од подготовките. Џордан ни фали, но Костоски и Стајиќ одиграа солидно и добро го покрија неговото отсуство. Се надевам дека ќе биде така и на наредните два меча – изјави Стојановски.

Нареден меч Македонија веќе го игра утре против Холандија, со која се среќаваме од 20.45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top