| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров претставен во Нант: Со нетрпение го чекам стартот во ЛШ и домашното првенство

Воочи почетокот на подготовките за новата сезона в понеделник, францускиот ракометен клуб Нант за првпат објави фотографија од нашиот Кире Лазаров во клупските обележја. Уште во април минатата година Лазаров потпиша двегодишен договор со Нант и веста за неговото пристигнување во лигата на светските прваци, одекна како „бомба“ во ракометните кулоари.

Денес Нант потврди дека Лазаров го подигна нивото на ракометниот интерес во Нант, па веќе е распродадена арената за мечевите од Лигата на шампионите.

– Кога го бирав мојот нов клуб, бирав тоа да биде клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите. Сметам дека клубот ќе расте од година во година. Едвај чекам да започнам со работа и да настапам за Нант во француското првенство и во Лигата на шампионите – вели Лазаров за клупsката веб страница.

Лазаров во Нант ќе соработува со Алберто Ентрериос, кој е помошник тренер и со поранешните клупски другари од Барселона, Гурбиндо и Беленгер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top