| четврток, 6 декември 2018 |

Отишол да си ги врати златото и облеката од поранешната свршеница, и го истепал цело семејство

Во Струга синоќа, на улицата „Маркс Енгелс“, А.И. (26) од село Корошита, кој бил поранешен свршеник на А.Ш. (26) од Шведска, лице со хендикеп на десна рака, откако ја раскинале свршувачката, со намера да ги врати облеката и златниот накит, отишол во зградата во која престојува таа со семејството.

Откако видел дека влезната врата од зградата била затворена, насилно ја отворил, влегол во станот и физички ги нападнал и А.Ш. и нејзинито семејство: сестра и А.Ш.(18), татко и Ф.Ш.(50) и мајка и Н.Ш.

Во еден момент во станот пристигнал и братот на А.И., Љ.И.(31) и тие повторно ги нападнале присутните, а во намерата биле спречени од страна на Ж.М. кој престојувал во истата зграда. Потоа насилството продолжило и пред зградата каде сторителите со тупаници го нападнале семејството, при што Н.Ш. паднала во бесознание.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Медицински центар Струга, каде и е укажана лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување, додека Ф.Ш. се здобил со телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top