На бугарската телевизија „ Б ТВ“ во емисијата „Тази сутрин“, гостуваше Екатерина Захариева, која во владата на Бојко Борисов е заменик-премиер за правосудни реформи и министер за надворешни работи. Таа истакна дека очекува потпишување на договорот и дека Република Бугарија нема повеќе да преговара за содржината на договорот, тоа што е во договорот не подразбира признавање на јазикот, а ниту, пак, народ.
На новинарско прашање: ВМРО-ДПМНЕ велат дека во договорот со Бугарија ќе биде споменат конкретно македонскиот народ. Во тој договор се споменува ли тоа, бугарската министерка Захариева одговори:
Сакаат да биде споменат. Видете, ние не преговараме со партии, ние преговараме со Влади. Така што преговорите со Владата на Македонија, која е легитимно избрана, се завршени!
Новинарско прашање: Во тој договор има ли дефиниција, македонски народ и македонски јазик?
Немаме намера ништо повеќе од тие клаузули или како и да е. Со договорот ја решивме работата со македонскиот јазик, ви ја кажав клаузулата каква е. Не е променета, истата е. Така што нема такви работи какви што сакаат ВМРО. И немаме намера повеќе да преговараме. Тоа е понудата, тоа е договорот, кој е основа за консензус, истакна Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)