Илјадници демонстранти ноќта ја минаа во импровизирани шатори на плоштадот Таксим во Истанбул. Најавуваат серија протести кои би траеле цел викенд. Шатори има и во паркот Гези, епицентарот на овие повеќенеделни протести против политиката на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во паркот е поставена и импровизирана детска градинка и библиотека.
Во меѓувреме, лидерот на турската работничка партија Абдула Оџалан ги поддржа протестите, иако течат преговорите меѓу него и турските власти. Но истовремено, Оџалан апелирал демонстрантите да не дозволат да бидат искористени од националистички пропагатори или луѓе кои сакаат да направат преврат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.