| четврток, 6 декември 2018 |

Цела населба со градинка и библиотека за демонстрантите никна на Таксим

taksim gezi parkИлјадници демонстранти ноќта ја минаа во импровизирани шатори на плоштадот Таксим во Истанбул. Најавуваат серија протести кои би траеле цел викенд. Шатори има и во паркот Гези, епицентарот на овие повеќенеделни протести против политиката на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во паркот е поставена и импровизирана детска градинка и библиотека.

Во меѓувреме, лидерот на турската работничка партија Абдула Оџалан ги поддржа протестите, иако течат преговорите меѓу него и турските власти. Но истовремено, Оџалан апелирал демонстрантите да не дозволат да бидат искористени од националистички пропагатори или луѓе кои сакаат да направат преврат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top