| четврток, 6 декември 2018 |

Темелковски: Сфативме каде грешиме, 19 гола во едно полувреме не е мала работа

Одличната игра во второто полувреме вчера и донесе прва победа на Македонија на младинското Светско првенство кое се игра во Алжир, а особено задоволен од овој дел од играта е и селекторот Илија Темелковски, кој посебно ја издвои феноменалната офанзивна претстава во вторите 30 минути.

– Можам да кажам дека во првото полувреме имавме сопствени грешки додека да влеземе во ритам, резултатот беше во наша полза и во овој дел од играта, но со ситни грешки му дозволивме на противникот да замине на пауза со позитива. Добро е тоа што сфативме каде грешевме во првиот дел, а тоа несомнено го поправивме во вторите 30 минути. Одбраната беше добра како и дотогаш, но нападот ни профункционира на завидно нив. Постигнавме 19 гола во второто полувреме против Русија која е сериозна репрезентација и мислам дека тоа не е мала работа, потенцира селекторот на младинската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top