| четврток, 6 декември 2018 |

Фатила 46 бидермаери и уште не е мажена: Ми фалат уште четири (Видео)

Акериканката Џејми Џексон (37), која била гостинка на повеќе од стотина свадби, својот прв бидермаер го фатила во 1996 година, а до сега има 46. Оваа немажена дама неодамна започнала верификација на своето достигнување за Гинисова книга на рекорди, а се дала и во потрага по невестите чии букети ги фатила за да започне направи документација на сите девојки кои ги фрлиле букетите.

– Горда сум што можам да кажам дека од 46 свадби на кои сум фатила бидермаер, имало само два равода. Себеси се сметам за амајлија, вели Џејми.

Својата колекција таа ја изложила во голема стаклена витрина, а пред секој букет пишува од која свадба е и од која година. Таа се надева дека до официјалното признавање од Гинис ќе фати уште 4 бидермаери, па ќе може да заокружи на 50.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top