| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Спасовска освои трето место на Славјански базар

Единаесетгодишната Марија Спасовска го освои третото место на 15 Интернационален детски музички фестивал Славјански базар во Витебск.


На првата фестивалска вечер Марија се претстави со песната „Црно и бело“, а на втората фестивалска вечер го изведе мјузиклот „Пријател како мене – Аладин“ и потврди дека поседува извонедни музучки и танцувачки квалитети.


Седумчлено меѓународно жири ѝ додели голема оцена да настапи на Гала-концертот. Од Украина Марија се враќа со третата награда.


Од Македонија во категорија натпревар за возрасни над 18 години единствено Тоше Проески во 2000 година и Боби Мојсоски во 2012 година имаат освоено гран при.

Учеството на реновираниот фестивал на марија не ѝ е прво музичко искуство. Таа настапи во улога на мал ангел во првиот мјузикал на македонски јазик „Тајно моја“, во март годинава на детскиот фестивал „Зорнија кветки“ во Минск го освои второто место.
Следниот месец ќе настапи и на Меѓународниот музички фестивал „Езерски бисери“ во Струга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top