| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се врати на теренот, Аргентина и Колумбија „пукаа„ со празни пушки

Лионел Меси побрзо од очекувањата се врати на фудбалските терени, ги одигра последните половина час за Аргентина против Колумбија, но тресите останаа незатресени, во ремито 0-0. Меси се повреди пред неполн месец и се очекуваше подолго да паузира, но брзо закрепна.

Против Колумбија влезе како резерва во 58. минута, но ниту тој, ниту неговите соиграчи не најдоа пат до мрежата на цврстите гости.

ARGENTINA VS. COLOMBIA

На спротивната страна тивок беше и Радамел Фалкао, па мечот заврши без голови. Сепак имаше многу оган во Буенос Аирес, а црвени картони во раната фаза добија Игуаин кај Аргентина и Запата кај Колумбија.

Аргентина остана лидер во јужноамериканските квалификации со 25 бода, пред Колумбија со 20, а речиси е сигурно дека и двете селекции ќе патуваат на СП во Бразил, следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top