| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во животот на рагбистот Вајтхед: Му го киднапиерале кучето, му бараат откуп од 10.000 долари

Рагбистот на Далас Каубојс, Лаки Вајтхед, се најде во необична ситуација, откако му беше украдено кучето и за негово враќање му беше побара откуп од грабнувачите. Вајтхед ја објави веста за киднапирањето на миленичето на Инстаграм, а потоа детално го опиша настанот за локалната телевизија во Далас.

Како што изјави, бил на Флорида кога од неговата куќа му било украдено кучето, неколку пара патики и неколку стари торби. Потоа добил брање за “откуп” на кучето во вредност од 10.000 долари.

Добив повик од непознат број. Човекот од другата страна ме праша колку ми значи кучето. Кога кажав дека сакам да ми го врати, ми одгвовори дека во тој случај ќе мора да напишам чек. Одбив да им напишам чек на 10.000 долари, но им реков дека може да се договориме за помала сума кога ќе видам дека со моето куче се е во ред. Од тогаш никој ми се нема јавено, изјави рагбистот.

Тој побарал и помош од полицијата, која не успеала да им влезе во трага на крадците, бидејќи телефонот од кој што го контактирале рагбистот на Далас бил за една употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top