| четврток, 6 декември 2018 |

Боинг 777 го испразнил тоалетот над луксузен крузер: Петмина во критична состојба, 18 тешко повредени (ВИДЕО)

Патниците на луксузен крузер кој плови за Хаваи доживеаја многу непријатно изненадување, парчиња смрзнат органски отпад од тоалет им паднале врз глава.

Боинг 777 на тајвантската авиокомпанија „Ева аир” го испразнил тоалетот на пат од Јапонија за Хаваи.

За жал, содржината на тоалетниот резервоар е однесена на небо додека авионот летал над крузерот „Пацифичка дама” кој е погоден со големи парчиња замрзнат син мраз.

Стотици патници во тоа време се наоѓале на палубата, а некои се погодени од проектили тешки 4,5 килограми.

Еден од патниците кажал дека мразот се појавил одеднаш и дека ги изненадил.

– Големи парчиња мраз се појавија од никаде, многу луѓе беа повредени, а патниците не знаеја што што им се случува и што ги напаѓа.

Освен мраз кон патниците полетал и измет.

Пет патници се во критична состојба, а уште 18 се тешко повредени. Медицинскиот персонал реагирал брзо и успеал да ги стабилизира сите повредени. Бродот брзо е пренасочен на Хаваи за да се поправи и на патниците да им биде пружена подобра медицинска нега. На некои патници ќе им бидат потребни недели за да закрепнат.

„Норт Пацифик круз лајнс”, кој го поседува крузерот „Пацифичка дама” потврди дека нема да поднесе тужба против тајванската авиокомпанија. Според меѓународниот закон, празнење на отпад од тоалетот на небото е незаконско.

И покрај прописите, многу азиски авиокомпании продолжуваат да истураат авиоотпад за време на лет над Тихиот Океан, а понекогаш и за време на лет над копно.

Во декември 2016 година Националниот зелен суд (НГТ) Индија одреди парична казна од 50.000 долари на авиокомпаниите кои ги празнат тоалетите во воздух откако Делхи повеќе пати беше погоден со „син мраз”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top