| четврток, 6 декември 2018 |

Србин сакал да влезе во Македонија со украден пасат

Утрово во 4 часот на граничниот премин Табановце за влез во Р. Македонија се пријавил Д.M. (38) од Белград со патничко возило „фолксваген пасат“. По извршената контрола над возилото е констатирано дека има отстапување во серискиот број на возилото, односно дека истиот е фалсификуван. Лицето е задржано и во 5 часот заедно со возилото е предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top