Во Македонија продолжува лошото искуство со министри за финансии што доаѓаат од редовите на СДСМ. По катастрофалното искуство со Таки Фити и криминалната приватизација, која ја уништи македонската економија, СДСМ на Македонија ѝ наметна уште еден „експерт“ – теоретичар, професорот Драган Тевдовски. Отсуството на практично искуство и основни економски познавања поврзани со буџетот со кој тој лично треба да раководи се виде на комисиската расправа во која се неуспешно се измачи да го елаборира буџетскиот ребаланс на владата на СДСМ.
По министерот Ставревски очекувањата беа големи. Прашањето за кој ќе го преземе местото министер за финансии во владата на СДСМ беше едно од клучните. Место вистински професионалец и експерт во креирањето на економските политики добивме човек со кој економските експерти и вработените во Министерството за финансии се подбиваат и исмејуваат. Од видеата во прилог може да се забележи „експертскиот“ капацитет на новиот министер.
За разлика од новиот министер, Зоран Ставрески беше почитуван во сите експертски кругови вклучувајќи ги и експертите кои важеа за блиски до СДСМ. Инаку министерот Ставрески беше е еден од главните столбови во претходната влада и е човек кој, меѓу другото, беше најодговорен за намалувањето на невработеноста од 38 на 22 проценти во изминатите 10 години. Тој со своите заложби за привлекување на странски инвестиции беше одговорен за економското чудо кое се случи во Македонија.
Ставрески пред да стане дел од владата на Никола Груевски бил вработен во Светската банка и бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги каде се стекнал со потребното искуство за да го предводи буџетот на државата.
И покрај несериозното однесување на министерот Тевдовски, позицијата што ја раководи е една од најважните во нашата држава и бара сериозност и посветеност. Токму овој недостиг на сериозност е момент што ја загрижува македонската јавност. Само еден месец од преземањето на функцијата министерот за финансии тој веќе потфрли, па приходите во буџетот во првиот месец се намалени за 3,6 проценти. Дали по утрото се познава денот, па економските показатели од месец во месец, од година во година ќе се намалуваат и повторно ќе се вратат мрачните денови на транзицијата?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)