| четврток, 6 декември 2018 |

Петарда за Летонија од Босанците

Босна и Херцеговина сигурно чекори кон Бразил на светското фудбалско првенство следната година, а Един Џеко и соиграчите и „пукнаа петарда“ на Летонија. БиХ победи со 5-0 и тоа на гостински терен во Рига.

Лулиќ, Ибишевиќ, Медуњанин, Пјаниќ и Џеко ја наполнија до врв мрежата на домаќините и го задржаа врвот на табелата во Г групата со 16 бода. БиХ има и и натпревар повеќе во однос на конкурентите, а на 4 рунди до крајот на квалификацискиот циклус е сосема блиску до прв, историска настап на светските првенства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top