Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски попладнето изјави дека сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата св.Коснстатин и Елена ќе продолжат да се градат.
– Според материјалот кој денеска е на дневен ред,ако внимателно се прочитаат, не постои никаква можност да се изврши какво било рушење на кој било објект што се гради вклучително и црквата. Целиот собир е непотребен, изјави Жерновски во просториите на општината.
Според него, луѓето кои денеска протестираа пред општината се изманипулирани од владејачката партија. Тој вели дека ова сакал да им го каже и на демонстраните но полицијата го советувала да не го направи тоа затоа што не е безбедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?


