| четврток, 6 декември 2018 |

Жерновски: Црквата нема да се урне

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски попладнето изјави дека сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата св.Коснстатин и Елена ќе продолжат да се градат.

– Според материјалот кој денеска е на дневен ред,ако внимателно се прочитаат, не постои никаква можност да се изврши какво било рушење на кој било објект што се гради вклучително и црквата. Целиот собир е непотребен, изјави Жерновски во просториите на општината.

Според него, луѓето кои денеска протестираа пред општината се изманипулирани од владејачката партија. Тој  вели дека ова сакал да им го каже и на демонстраните но полицијата го советувала да не го направи тоа затоа што не е безбедно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top