| четврток, 6 декември 2018 |

Јохан Тарчуловски за уништените гробишта во Љуботен: Има и сведоци кои ги виделе злосторниците!

Јохан Тарчуловски на својот Фејсбук профил се огласи за нападите врз него дека го организирал уништувањето на православните гробишта во Љуботен.

За работите да бидат појасни. Гледам денеска оркестриран и договорен напад на мене, со преќутување ќе излезе во право се. НА СИТЕ НЕКА ВИ БИДЕ ЈАСНО. Никогаш правиот и искрен верник нема да уништи туѓи, а недај боже свои верски обележја. Четири години од кога сум вратен, со Божја помош изградив камбанарија, конак, црква, почнав крстилна и уште една трпезарија, купуваме земја за гробишта и уште многу работи. Ако некој помислил со мое вовлекување во приказната ќе се оддвлече вниманието од вистинските злосторници се ЛАЖЕ а знаете ли зошто? Има и сведоци кои ги виделе злосторниците. Затоа сигурен сум, МВР за кратко време ќе излезе со прес и ќе каже кои се виновниците. БОГ е голем знае што прави и не заборава! Само едно големо срамота, да не им дадеш и на мртвите да почиваат во мир, пишува Јохан.

Инаку, гробиштата се наоѓаат во дворот на црквата „Св. Никола“ во село Љуботен, која е заштитена од Министерството за култура како културно наследство. Полицијата изврши увид на самото место, направен е записник, но и шест дена по вандалскиот чин МВР на Спасовски не излегува со конкретни информации. За да не се шпекулира и за да не се напаѓаат невини луѓе, со што расте и нетрпеливоста меѓу Македонците и Албанците, МВР треба што поскоро да го затвори овој случај, а виновниците да ги изведе пред суд. За жал, наместо за правда, граѓаните засега можат да сведочат за неспособноста на Оливер Спасовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top