Јохан Тарчуловски на својот Фејсбук профил се огласи за нападите врз него дека го организирал уништувањето на православните гробишта во Љуботен.
За работите да бидат појасни. Гледам денеска оркестриран и договорен напад на мене, со преќутување ќе излезе во право се. НА СИТЕ НЕКА ВИ БИДЕ ЈАСНО. Никогаш правиот и искрен верник нема да уништи туѓи, а недај боже свои верски обележја. Четири години од кога сум вратен, со Божја помош изградив камбанарија, конак, црква, почнав крстилна и уште една трпезарија, купуваме земја за гробишта и уште многу работи. Ако некој помислил со мое вовлекување во приказната ќе се оддвлече вниманието од вистинските злосторници се ЛАЖЕ а знаете ли зошто? Има и сведоци кои ги виделе злосторниците. Затоа сигурен сум, МВР за кратко време ќе излезе со прес и ќе каже кои се виновниците. БОГ е голем знае што прави и не заборава! Само едно големо срамота, да не им дадеш и на мртвите да почиваат во мир, пишува Јохан.
Инаку, гробиштата се наоѓаат во дворот на црквата „Св. Никола“ во село Љуботен, која е заштитена од Министерството за култура како културно наследство. Полицијата изврши увид на самото место, направен е записник, но и шест дена по вандалскиот чин МВР на Спасовски не излегува со конкретни информации. За да не се шпекулира и за да не се напаѓаат невини луѓе, со што расте и нетрпеливоста меѓу Македонците и Албанците, МВР треба што поскоро да го затвори овој случај, а виновниците да ги изведе пред суд. За жал, наместо за правда, граѓаните засега можат да сведочат за неспособноста на Оливер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.