| четврток, 6 декември 2018 |

Металург во првото коло гостува кај Монпелје

Ждрепката му додели тежок противник на ракометниот вицешампион на Македонија, Металург

 

Францускиот тим е апсолутен фаворит за освојување на првото место во групата, па јасно е дека „металурзите” својот најтежок меч ќе го играат на самиот старт, закажан за 13 до 17 септември.
Веднаш потоа ќе следат две домашни средби за клубот од Автокоманда, прво со Бешикташ, а потоа и против екипата што преку квалификации ќе стигне до место во групата „Д“. Веднаш потоа ќе следат две гостувања на „исток”, прво во Украина против Мотор Запорожје, а потоа и во Русија против Чеховски медведи.
Само за потсетување, пласман во следната фаза обезбедуваат најдобрите две екипи од групата, кои разигруваат со најдобрите од групата „Ц“ за место во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Еве како се распоредени натпреварите на Металург во групната фаза:
Коло 01, 13.-17.09.2017: Монпелје – Металург
Коло 02, 20.-24.09.2017: Металург – Бешикташ
Коло 03, 27.09.-01.10.2017: Металург – Квалификант
Коло 04, 04.-08.10.2017: Мотор Запорожје – Металург
Коло 05, 11.-15.10.2017: Чеховски Медведи – Металург
Коло 06, 01.-05.11.2017: Металург – Чеховски Медведи
Коло 07, 08.-12.11.2017: Металург – Монпелје
Коло 08, 15.-19.11.2017: Бешикташ – Металург
Коло 09, 22.-26.11.2017: Металург – Мотор Запорожје
Коло 10, 29.11.-03.12.2017: Квалификант – Металург

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top