Американскиот атлетичар Џил Робертс е ослободен од обвиненијата за допинг, откако пред четири месеци во неговиот организам е најдена супстанцата „пробенецид“.
Процесот траеше до 20 јуни, но целосниот случај од Американската антидопинг агенција излезе во јавноста на почетокот од оваа недела. Образложението е урнебесно: Робертс не користел недозволени средства, туку супстанцата му ја пренела неговата девојка по бакнеж. Неколку недели претходно, таа користела лекови за инфекција на синусите кои содржеле „пробенецид“.
Како член на американската штафета 4х400 метри, Робертс минатата години на Олимпијадата во Рио го освои златниот медал. По допинг тестот, Робертс беше привремено суспендиран, но се натпреваруваше на националното првенство на САД во дисциплината 400 метри и избори норма за Светското првенство во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.