Целата поента на работењето на СЈО според проф.др. Тања Каракамишева Јовановска е да се оцрнат луѓе до крај и да се направи притисок кон судот дека всушност тие луѓе мора да завршат во затвор и дека тие луѓе мора да добијат осудителна пресуда. Според неа со ова се нарушува основниот стандард кој владее и во земјите членки на Европската Унија.
– Каде е тука основниот стандард и во многу препораки во советот на Европа, препораката број 19 кај што јасно стои дека ЈО не може да покренува обиненија на основа на методи кои се прибавени незаконски. Во таа препорака е констатирано дека советот на Европка ја охрабрува секоја земја членка да ги примени овие препораки вклучувајќи ги овие незаконски методи како што е методот на прислушување. Имаме пресуди на Европскиод суд човекови права кај што е јасно наведено дека незаконското прислушување не смее да биде основа каде што ќе се постапува врз судска постапка освен во одредени исклучителни исклучоци – вели професорката.
Според неа исклучоците станаа правила а правилата се бришат како воопшто да не постојат.
-Целото казнено европско право се основа на принципот да не може да се поведе постапка врз основа на докази кои се прибрани на незаконски начин – вели Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)