| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: СЈО е еден класичен политички егекутор на сегашната опозиција којашто треба да ја сомеле и уништи целата ВМРО-ДПМНЕ

Во Република Македонија реформите не треба да ги прават луѓе за кои има сериозни индиции дека кои го прекршиле законот вели проф. д-р Тања Каракамишева Јовановска. Таа додава:

-Република Македонија стана заложник на една политичка елита на кој разни подземни начини дојде во Република Македо4нија да ни бидде власт, луѓе кои се компромитирани, кои се аболицирани но и тоа е можно во Македонија но затоа веројатно историјата ќе покаже и докаже дека сите овие 3 години за кои се збореше за криминалата група политичари за кои треба да биде поведена судска постапка за велепредаство кои ни ја водат државата конечно вистината ќе дојде на виделина“.

Според Каракамишева некои политичари укажувајќи на некои европски стандарди кои не се применети тие забораваат да кажат на некои европски стандарди кои веќе Македонија ги има имплементирано пред десетици години наназад. Таа посочува дека во Македонија се гледа еден сосема поинаков тренд во делувањето на правниот систем посебено во делувањето на СЈО.

СЈО е еден класичен политички егекутор на сегашната опозиција којашто треба да ја сомеле и уништи целата ВМРО-ДПМНЕ посебно раководната структура на ВМРО-ДПМНЕ со цел да му создаде на Заев еден бришан простор за реализација на неговите анти-македонски политики. Од тој факт СЈО ниту може да избега ниту може да се спротистави со аргументи. Не постои ниту еден правен аргумент врз база на кој СЈО ги заснова своите обвиненија врз клучните раководни лица на ВМРО-ДПМНЕ и затоа што во текот на главата расправа во судот не употреби ниту еден валиден доказ врз база на кој може да се одлучува во судската постапка – вели професорката.

Каракамишева потенцира дека имаме еден пара-државен орган и го повика уставниот суд зошто затајува за оценката на уставноста за законот за СЈО кога и на мали деца од градинка веќе им е јасно дека овој закон е спротивен на уставот и е спротивен на единствената структура на јавното обвинителство така како што е утврдено во уставот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top