Намерно или не! Кошаркарите на Бугарија на патот кон Македонија упатија голема провокација за нашето име. Павел Бојков Маринов, Станимир Маринов и Мартин Маринов на својот „Фејсбук“ профил пишаа дека патуваат кон југо-западна Бугарија.
Намерно или не! Кошаркарите на Бугарија на патот кон Македонија упатија голема провокација за нашето име. Павел Бојков Маринов, Станимир Маринов и Мартин Маринов на својот „Фејсбук” профил пишаа дека патуваат кон југо-западна Бугарија.
Колку и да сакаме да веруваме дека станува збор за грешка, сепак фактот дека Бојков беше соиграч на Бојан Трајковски во Сигал Приштина, а додека на еден од останатите двајца кошаркари, тренер му беше Александар Тодоров, доволно говори за нивната намера.
Ваквиот потег ни малку не е на место, особено ако се земе во предвид дека токму Бугарија утре и гостува на македонската репрезентација во СЦ „Борис Трајковски”.
Останува утре лично да ни објаснат во која држава се гости…
Избор: Спортмедиа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.