| четврток, 6 декември 2018 |

Германија од почетокот на 2017. добила три илјади барања за азил од Турци

Германија од почетокот на 2017 година досега добила три илјади барања за азил од кандидати од Турција, покажуваат податоците објавени денеска во медиумската група Функе, по добиените податоци од Федералната служба за миграција и бегалци, јави ДПА.

Бројот на барањата за азил од Турција се намалени до 488 во јуни, при што приближно се на нивото од минатата година.

Изминатите години сепак е забележана постојана тенденција за зголемување на нивниот број, од 1.800 во 2014 година на 4.600 во 2015 година. Во 2016 година Германија добила околу 5.700 барања за азил од Турција, од кои 4.400 на турски Курди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top