| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Наскоро ќе дознаете, ќе биде голема вест

По завршувањето на едногодишниот договор со Манчестер Јунајтед, најдобриот фудбалер во историјата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ е слободен фудбалер и сè уште не е познато каде и дали ќе ја продолжи својата играчка кариера.

Еден од најубиствените напаѓачи во модерниот фудбал моментално заздравува од тешката повреда на коленото, а денес по состанокот со својот менаџер, Мино Рајола, најави голема вест.

– Тоа ќе биде голема вест, а ќе ја дознаете наскоро – накратко изјави Златан.

Швеѓанецот надвор од фудбалскиот терен ќе биде уште неколку месеци. Неговото заздравување се одвива побрзо од што се очекуваше, па најверојатно на терен ќе се врати во оваа година, а не во јануари како што првично беше објавено.

Минатата сезона 35-годишниот голгетер беше прв стрелец на „црвените ѓаволи“, постигнувајќи 28 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top