| четврток, 6 декември 2018 |

Венус Вилијамс на 37 години ќе игра во финалето на Вимблдон

Венус Вилијамс ќе се сретне со Гарбине Мугуруза во саботното финале на Вимблдон, откако американската ветеранка попладнево славеше на дуелот против Јохана Конта со 2-0 во сетови. Конта играше извонредно цел турнир, во четвртфиналето ја совлада Симона Халеп, но домашната миленичка немаше сили да ја продолжи својата бајка, капитулирајќи пред искусната Американка.

Вилијамс го доби првиот сет со 6-4, потоа направи брејк во раната фаза од вториот сет и целосно го скрши отпорот на Конта, славејќи со 6-2 за своето прво финале на Вимблдон по пауза од осум години.

Венус со своите 37 години е највозрасната финалистка на Вимблдон по настапот на Мартина Навратилова во 1994.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top