| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ помалку се венчаваме, сѐ повеќе се разведуваме

brak

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучени бракови во 2012 година, во споредба со претходната година, е намален за 5,1 проценти и изнесува 13.991, стои во соопштението на ДЗС, објавено денес.

Најмногу бракови во текот на годината се склучени во август, 11,8 проценти, а најмалку во март 5,2 проценти.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,6 проценти за жените и 90,6 проценти за мажите. Во втор брак, со учество од 8,7 проценти, и во трет брак, со учество 0,8 проценти, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Просечната возраст при склучување прв брак е 25,6 години за невестата и 28,4 години за младоженецот.
Бројот на разводи во 2012 година бележи зголемување од 9,9 проценти во споредба со 2011 година и изнесува 1.926
разведени бракови.
Најмалку бракови во текот на годината се разведени во август 3,2 проценти, а најмногу во април 10,7 проценти.
Според возраста на сопругата, најголем број разводи, 20,9 проценти се случиле во возрасната група од 30 до 34
години, a за сопругот, во истата возрасна група, но со учество од 18,9 проценти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top