| четврток, 6 декември 2018 |

Каролина Плишкова од понеделник ќе биде најдобра тенисерка во светот

Каролина Плишкова од Чешка од понеделник ќе избие на првото место на ВТА листата и покрај раната елиминација од Вимблдон од Рибарикова.

Откако Романката Симона Халеп не успеа да стигне до полуфиналето откако вчера загуби во мечот против Британката Конта, Плишкова ќе биде рекет број еден.

Чешката тенисерка ќе биде 23. која се искачила на врвот на ВТА листата, а прва тенисерка од Чешка од 1975 година, која е лидер во бодувањето.

Плишкова оваа сезона крај своето име запиша четири титули, но никогаш не освоила Грен слем титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top