| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев бара разрешување на Зврлевски за да се спаси од обвинението во „Поткуп“ (видео)

На денешната седница на Собранието на која се дискутира за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, Антонио Милошоски истакна дека “вината на Зврлевски е што го фатил Зоран Заев во барање на поткуп.

Ќе кажам неколку работи во однос за разрешување на јавниот обвинител Зврлевски.Неговата најголема вина и “нестручност” е што стручно го фатил градоначалникот на Струмица во барање на поткуп. Градоначалникот на Струмица Зоран Заев преку разни сценарија после изборите стаанува премиер и сега премиерот на Република Македонија сака да го разреши јавниот обвинител затоа што јавниот обвинител го фатил во поткуп. Тоа е најголемиот аргумент зошто еден премиер толку брзо сака да смени еден јавен обвинител. Затоа што знае дека овој јавен обвинител ги има сите податоци за тоа како е барано поткуп, кому е барано поткуп, кога и до колку се применети мерки и кои се други докази упатуваат на тоа дека единствениот политичар во оваа држава кој што е носител на аболиција за криминал од 8 милиони евра во случајот “Гобал” сега се соочува со судски ризик да одговара за предметот поткуп кој што го има открино јавното обвинителство– рече Милошоски.

Милошоски додаде :

Сите други било какви изговори или наводни аргументи се само фасаден дел од политиката во која што премиерот Заев сака со разрешување на обвинителот да стави свој послушник преку кого во случајот “Поткуп” тој ќе испадне дека не е виновен. Една од целите зошто тој сака да го смени јавниот обвинител е затоа што со овој јавен обвинител неможе да ги побие доказите дека барал поткуп и дека тоа е докажано со сите законски мерки. Затоа сметам дека оваа мерка не се работи тука за нестручност на јавниот обвинител туку неговата вина е што стручно го уловил сегашниот премиер како бара поткуп од износ од 163 000 евра, по 2 евра од квадратен метар. Еден за Вицето, еден за свештеникот и затоа сметам дека ваквиот однос кон јавното обвинителство е класичен случај за политички реваншизам во кој што еден политичар кој е фатен на криминал сака да го смени оној што го открил криминалот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top