| четврток, 6 декември 2018 |

Во исчекување на претсавувањето на Даглас Коста, Јувентус подготвува уште една „трансфер-бомба“

Јувентус во секој момент се очекува да го потврди Даглас Коста како прво големо летно засилување откако Бразилецот изминатава ноќ пристигна во Торино, а во исчекување на официјалната потврда од страна на клубот, пристигнуваат нови и интересни вести поврзани за актуелниот италијански првак.

Угледните медиуми на Апенините информираат дека Јувентус многу брзо планира да ја изрежира и втората летна „трансфер-бомба“, купувајќи го играчот кој дефинитивно го имаше најголемиот прогрес изминатава сезона во Серија А.

Федерико Бернардески се поврзува со Јувентус веќе извесно време, но сега гласините значително се зголеми откако самиот фудбалер не ја сокри желбата дека сака да игра за најдобриот клуб во италијанскиот фудбал.

– Имав навистина добра сезона, и напреднав како и многу мои соиграчи во Фиорентина. Сега, во новата сезона ќе треба да го потврдам мојот напредок и ако е возможно, да го надополнам тоа. Подготвен сум за нов старт. Каде ќе биде тоа? Мислам дека ќе се појавам во тренинг кампот на Фиорентина, но не знам што ќе се случи со Јуве, мирен сум и не брзам. Секогаш сум велел дека работите треба да одат природно, се ќе дојде на свое место. Не брзам и мирен сум, но кој не би сакал да игра за Јувентус – истакнал Бернардески за „Газета дело Спорт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top