Меѓународниот олимписки комитет ги одреди домаќините на Олимпијадите во 2024 и 2028 година. Париз и Лос Анџелес ќе бидат домаќини на двете големи приредби, а со симултано гласање ќе биде одлучено кој град во која година ќе биде организатор.
Гадоначалничката на Париз, Ен Идалго и градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети и првиот човек МОК, Германецот Томас Бах ја официјализираат веста која добрите познавачи ја очекуваа.
Париз беше домаќин на Олимписките игри во 1900 и 1924, а Лос Анџелес во 1932 и 1984 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.