| четврток, 6 декември 2018 |

Бившиот претседател на Бугарија, Петар Стојанов: Илинденското востание е бугарско, Македонија е дел од Бугарија (видео)

-Поделбата на Бугарија на три дела, на Северна Бугарија, на Источна Румелија и на Македонија се чувствува како најголема историска неправда и таа всушност е таква – вели Петар Стојанов, претседател на Бугарија во периодот од 1997 година до 2002 година во денешната емисија „Денот започнува“ на бугарската државна телевизија БНТ1.

– Зошто велам романтизам, затоа што кога започнува четничкото движење во Македонија, особено кога почнува подготовката и почнува Илинденското востание, бугарите се веќе многу повеќе образовани, ние имаме свои весници, имаме свои канали за комуникација и цела Бугарија знае за тоа. Тоа е нашето второ Априлско востание, изживеано со едно романтично чувство, кажав за првото многу луѓе дознале дури по неговото задушување. Од таа гледна точка, ние бугарите нема како да се лишиме себе си од таа страница на нашата историја. Затоа што ако се лишиме од нејзе историјата ќе ни остане исклучително сиромашна. Затоа историјата на Македонија е најромантичниот дел од историјата на Бугарија – вели Стојанов.


Инаку Априлското востание индиректно довело до осамостојувањето на Бугарија, тоа го поттикнало руското вмешување и почнувањето на Руско-Турската војна, која резултирала со независност на кнежеството Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top