– Во еден момент ме обзеде најголемиот страв и бес во животот. Очите ќе ми излетаа, жилите на вратот ќе ми прснеа! Сакав да скокнам да ја фатам за врат и да и го искорнам гркланот! Едвај успеав да се контролирам. верувајте така би се чувствувал секој родител на мое место, на местото на татко чие дете се обидоа да го киднапираат, ја почнува својата приказна Анте од Задар кој во неделата на популарната ривиера во Задар за миг го спречил киднапирањето на својот тригодишен син.
Ни самиот не знае како успеал да се прибере во критилчниот момент, но успеал да го грабне детето од рацете на жената која го фатила момчето за рака и сакала со него да се изгуби во толпата.
-Беше недела околу 19 часот. Калеларга е полна со туристи, а јас и синот шетавме крај морето покрај продавницата „Борово“, раскажува потресен таткото кој поради заштита за него и неговото семејство во текстот се користи името Анте.
– Синот си играше на шеталиштето така што ги прескокнуваше линиите и газеше само на средината од камените плочи. Беше на 20 сантиметри од мене, не го држев за рака, но го имав под око. Одеднаш пред него се створи некоја жена околу 60-тина години. Во виолетово здолниште до колена, висока околу 160 и имаше околи 70 килограми. Сосема нормално изгледаше, воопшто не беше воочлива, изгледаше како некоја наша состка. Со својата десна рака го грбна за левата рака мојот син и тргна напред со намера да продолжи низ шеталиштето. Реагирав во истиот момент и со левата рака ја фатив неговата десна рака. Кога го фатив син ми за раката жената застана и се сврте кон мене. Ме гледа и молчи. Тоа траеше околу 5-6 секунди. Во мене се разбуди оган, сфаќам што се случува сака да ми го киднапира детето. Полудувам! Очите ми излегоа, жилите ќе ми пукнеа. Ја стегам десната шака со намера силно да ја удрам и потоа да скокнам и да и го искорнам гркланот. Полудев! Истовремено низ глава ми поминува мислата: Што ако во оваа гужва ја нападнам а таа ми го држи синот? На мене ќе навали масата, кој од нив ќе знае што се случува навистина? Доболно е на мене да се нафрлат неколку луѓе и таа да ја искористи можноста и да исчезне со детето…
Размислував со брзината на светлината, не поминаа неколку секунди а таа му вели на син ми: „Блонди, блонди“. Бидејќи е русокос. Бидејќи не му ја пуштав раката таа нагло го пушти и исчезна пред нас во толпата.
Гледав како минува и се загледува во други деца во колички. Го земав синот в раце, го ставив на рамена и тргнав по неа. сега ќе те најдам, ќе одам по тебе на крај на светот си велам себе си. Ја следев во Ерсте банката до плоштадот, па преку Четири кантуна до Судот каде на крајот ја изгубив од вид, вели Анте додавајќи дека целиот настан истата вечер и го раскажал на сопругата која потоа напишала за тоа и го објавила на Фејсбук.
– Утринава поради тоа не посети полиција. Виделе дека таа нешто напиша и дошле да проверат за што стабува збор, вели Анте. Го прашале зошто не го пријавил настанот во полиција.
– Сакав, ама досега имав лошо искуство со полицијата. Кога ќе пријавев пвро не ми веруваа, а потоа сето тоа ќе го избирократизираа до степен што ќе изгубев волја. Мене ми еважно сето ова што се случи да излезе во јавност, родителите со мали деца да внимаваат. Лето е, големи гужви, низ градот минуваат секакви типови и ликови. Јас не можам сто проценти да тврдам дека таа ѓена сакаше да ми го грабне синот. Којзнае, моѓеби е некоја пореметена личност, но сигурен сум дека намерите не и беа нормални. Ниту дека сакаше нешто благодорно да направи, тврди Анте кој напо,енува дека сигурно може да ја препознае ако ја види повторно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Го киднапирале од улица „Јуриј Гагарин“ и го чувале во стан поради наводен долг
-
Киднапирање во тетовско: Му го грабнале зетот, па му барале откуп за да го ослободат
-
Киднапирање во село Љубош: Со вреќа на главата го фрлиле во комбе, па се разбудил во Батинци