Семејствата на загинатите терористи во Куманово и семејствата на затворениците преку весникот „Инфопрес“ им се закануваат на Али Ахмети, Зоран Заев и Артан Груби.
Роднините велат дека Али Ахмети извршил предавство на борците за слобода од 2001 година со тоа што лично тој ѝ ги предал на македонската полиција.
Тие им испраќаат поздрави на Зоран Заев и Артан Груби заканувајќи им се дека е подобро да ја затворaт границата, зашто нема сила која може да ги запре.
Реакција ја пренесуваме во целост, како што е објавена на „Инфопрес“ без интервенција од редакцијата на весникот.
„За што размислувате, вие, бре?
Ни убивте десет синови и ни затворивте 38 и вие мислите дека ние за ваш атер ви простивме, ги ставивме во гробови нашите синови, а други ни останаа да скапуваат низ словенските затвори, нели?
Не поминува ден без да ги жалиме, не затоа што беа убиени за Илирида, туку за предавството ние плачеме и нечовечкото малтретирање што им се прави веќе две години!
За татковината ги даваме и последните, но предавството не го простуваме, затоа што не ни дозволува законот и вие на место да ни помогнете за правда, вие сакате другарите во затвор да ги казните со доживотен затвор и од 15 и 20 години затвор.
Не, не ова не ви го простува ниту Господ ниту роб.
О, Али Ахмети, го крена гласот и кажа дека овие момци се оние што војуваа во 2001 година и благодарение на нив си тамо каде што си, нивна заслуга, о, Али Ахмети.
Ако ти не си ги испрати во Куманово, ти ги предаде и им ги предаде на македонската полиција ослободителите од 2001 година, тоа е вистина.
Зошто не ги остави да загинат како мажи, но ги убиваат секој ден?
Не отиде ни на суд како сведок, ова не можиш да го негираш.
Но, покажи се барем сега, зашто знаеме дека можеш бидејќи ја имаш во рака коалицијата за влада и не дозволувај да се казнат борците за слобода, ослободи ги и тие што скапуваат по словенските затвори по војната, во сптротивно ние сме спремни да се одмаздиме, очите ни ослепија и повеќе не гледаме каде и со кого, затоа што две години си играте со нашата болка. Раната сѐ уште боли и коските на нашите синови сѐ уште не се распаднати.
Отворете ги очите и поздрави до Артан Груби и Заев. Ослободете ги момците или подобро затворете ја границата, затоа што нема сила која нас нѐ спречува, не признаваме ни држава, војник, полицаец или цивил.
Доста веќе, ослободете ни ги 38-те наши момци затоа што ни се аманет од Мирсад, Бегу, Џафер, Арбен, Хусен, Фатлум, Тургај, Самид, Нусрет и Ваљон…“
Роднините на убиените и затворениците
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.