| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ја слави кралската свадба: Принцот стапна на лудиот камен без благослов од татка си (Видео)

Принцот Ернст Аугуст Помладиот од Хановер, потомок на едно од европските благородни семејства, се ожени за
руска модна дизајнерка и покрај неодобрувањето од страна на таткото на младоженецот.

33-годишниот принц и 30-годишната Екатерина Малишева се венчаа во главната Лутеранска црква во Хановер. Тие беа опкружени од познати личности и аристократи од цела Европа, вклучувајќи ја неговата посестра, принцезата Александра, ќерка на Ернст Аугуст и принцезата Каролина од Монако. Другите деца на принцезата Каролајн, жена на Ернст Аугуст Постариот– Шарлот, Пјер и Андреа Касираши – исто така, присуствуваа на настанот, емитуван на германската државна телевизија. Но, 63-годишниот Ернст Август не се појави на настанот, откако рече дека е загрижен што може да значи бракот за фамилијата и нејзиниот имот во Германија, особено оној во Долна Саксонија.

-Продолжив да се надевам дека мојот син конечно ќе ги разгледа повисоките интереси на семејството и ќе се предаде, изјави тој за весникот “Хенделсблат” пред свадбата.

-Подготвен сум за разговори и помирување. – додаде тој.

Подоцна младата двојка беше домаќин на приватен прием за околу 600 лица на семејно седиште на династијата – замокот Мариенбург, во близина на Хановер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top