| четврток, 6 декември 2018 |

Костовски: Гробиштата во Љуботен се сквернавени на најкукавички начин (фото)

„Почитувани Бутелчани. Денеска е направена голема штета, направено е дело кое ветува се само не соживот, само не живот!“, напиша на својот ФБ профил првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од општина Бутел Дарко Костовски, откако вечерва искршени се преку 30 гробови на православните гробишта во Љуботен.


-Одредена група кукавички влегла во атарот на една од најстарите цркви во овие простори св.Никола во с.Љуботен (која е заштитена како културно наследство),буквално се на брутален начин искрсени православните гробишта во дворот, сквернавени на најкукавички начин! Направена е штета на свето место!!! Ова се случува втор пат, и не случајно два пати се случува во време кога владее СДС! доколку не се фатат и осудат за најкус можен рок учесниците во овој грозен и кукавички чин, Оливер Спасовски под итно да си поднесе оставка!!!, напиша Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top