Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади официјално прогласи победа над милитантната „Исламска држава“.
-Прогласувам крај и колапс на терористичка држава која беше прогласена тука во Мосул- рече тој во своето јавно обраќање на државната телевизија. Неколку часа претходно, новинарите известуваа за спорадични судири во центарот на градот.
Во битката за ослободување на Мосул беа уништени големи делови од градот и загинаа илјадници луѓе. ОН соопштија дека околу 920 илјади луѓе ги напуштиле своите домови од почетокот на офанзивата за ослободување на Мосул, во октомври 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.