| четврток, 6 декември 2018 |

Ковачев: Македонската историја е 100 насто фалсификат (Видео)

Пратеникот во Европскиот Парламент од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, Андреј Ковачев, во емисијата „Денот започнува“ на бугарската државна телевизија БНТ1 денеска вели дека Македонија има 100 насто фалсификат историја и тоа е основата на која се базира Договорот за добрососедство кој Заев го договорил во Софија.

-Многу е јасно, се знае што има во тој Договор. Станува збор за нашата заедничка историја. Тоа е основата, базата, ние ја сакаме вистината и објективниот поглед на историјата, колку и историјата да е манипулирана, колку и историјата да се искористува за политички цели насекаде низ светот и да е, ако може да се каже во голем процент неправилна, но во случајот со Македонија, не станува збор за манипулирани 10, 20 или 30 проценти, станува збор за 100 проценти фалсификат на нашата заедничка историја- вели европратеникот Ковачев на националниот сервис на Бугарија во пресрет на најавеното потпишување на Договорот кој се крие од македонската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top