Се наведуваше на тоа дека англиските премиерлигаши Манчестер јунајтед, Сити и Челси ќе се борат за потписот на Џејмс Родригез, но наместо тоа, ова утро пристигна ексклузива од Колумбија која ни вели дека најблиску до потписот на офанзивниот играч за врска е Баерн Минхен.
Баварците ја искористиле заспаноста на премиерлигашшките клуба, па очекуваат дека со брза реакција ќе можат да го договорат фудбалерот кој сега очајно посакува да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ откако беше најавено дека во тимот на Зидан ќе се приклучи и Себалјос. Тоа беше јасен знак дека повеќе нема место за Родригез во Реал, а во овој момент најреална дестинација за него изгледа Баерн Минхен предводен од Карло Анчелоти.
Колумбиската телевизија „Каракол“ тврди дека италијанскиот стручњак преземал иницијатива за зајакнување на офанзивниот ред по најавеното заминување на Даглас Коста, а како идеална замена гледа на поранешниот фудбалер со кого соработуваше во Реал Мадрид.
Интересен е фактот кој вели дека Џејмс всушност најдобрите бројки во Реал ги оствари токму под палката на Анчелоти, кога на 46 одиграни натпевари постигна 17 голови и забележа 18 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.