Животот на познатите некогаш ни малку не е лесен, уште кога во игра ќе се вклучат големи пари, а доаѓа до развод,тоа не секогаш резултира добро за двете страни. Истиот проблем го има и Петра Еклстон, ќерка на Славица и Берни Еклстон.
За време на бракоразводната парница, Петра на суд признала дека потпишала предбрачен договор затоа што на тоа ја натерал се уште законскиот сопруг Џејмс Стант. Иако му е забранет било каков контакт со Петра, па дури и преку мобилен телефон, Џејмс секојдневно и праќа агресивни и заканувачки пораки.
Таа за разводот ги ангажирала најскапите адвокати, а богатството околу кои сопружниците би требало да се договорат е 7 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.