| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Планот им е да се уништи ВМРО за Заев да ги исполни ветените работи кон оние кои го донесоа за премиер

СДСМ смислиле или некој им смислил ВМРО ДПМНЕ да се занимава само со себе, со пријави, притвори, пасоши, со платеници кои треба да глумат реформатори на партијата, додека Заев да го исполни ветувањето дека ќе ја редефинирал државата –  истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој се обрати на 26-та Годишната конференција на УМС и додаде:

– И мисли дека многу паметна работа смислил, кој знае што си мисли за себе, особено кога од надвор ќе го потапшаат по рамо и ќе му пратат и објават некоја анкета каде СДСМ води. Па нас редовно се обидуваа да ни подметнат такви работи. Надвор од нашите редовни анкети кои ги правевеме, на кои низ целиот период се рефлектираше поддршката од мнозинството граѓани, повремено ќе ни уфрлеа анкети од надвор на кои водиме, ама многу повеќе од реалното. И оп, по 2-3 дена одкако ќе ги објавеа, случајно ќе стигнеше некој странец да ни каже дека сега му е мајката да се било ХРАБАР за името и за слични работи, бидејки сме имале огромна подршка. А тоа „храбар“, значеше… знаете што значеше. Истата песна сега на Заев му ја свират.

Понатаму посочува:

– Но, ние немаме право ниту да се смееме, ниту да им даваме фора и комоција да прават што сакаат. Како што и самите гледате во начинот на делување на СДС кон неистомислениците, државата се врати во 1948, а во реализација на проекти се врати во славното Бранково време кога сите чекаа по еден вработен од секое семејство, а Бранко си се смести во претседателскиот кабинет заборавајќи што ветил. Исто така, немаме време ни за жалење ни за кукање. А и не не доликува, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top