| четврток, 6 декември 2018 |

Андоновска: Новата Влада прави антиреформи во здравството (Видео)

Новата Влада прави антиреформи во здравството, не нуди нови мерки и проекти, туку само ги стопира постојните, вели Марија Андоновска, поранешна пратеничка и актуелен член на Советот на Град Скопје која доаѓа од лекарската фела.

Во интервју за Телевизија Алфа, Андоновска меѓу другото говори и за стопирањето на изградбата на новиот Клинички центар.

-Со негово стопирање Македонија ќе биде во голема загуба – скандал од невидени размери, каде ќе трпат граѓаните ако сето тоа пропадне.

Андоновска зборува и за засилените инспекциски надзори во болниците, но и за ветеното и неисполнето зголемување на платите на лекарите, иако како што вели, тоа се најавуваше на голема врата.

Во продолжение погледнете го целото интервју на Андоновска за Алфа ТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top