Денеска Владата се пофали дека откупот на бостанот се одвива без проблем, но ситуација на терен не изгледа така. Граѓани се жалат од минималната цена на тој производ, преку кој се обидуваат да дојдат до парче леб за себе и за своето семејство, а се жалат и дека цело време се сардисани од инспекциите и полицијата.
Министерот Љупчо Николовски утрово изјави дека поради помошта на Владата откупот на бостанот во овој момент се одвива без проблем. Тој кажа дека Владата итно реагирала бидејќи бостанот паднал на 3 денари за килограм, што според она што го кажа еден од продавачите на кванташки пазар, не е вистина- вистинската цена на бостанот според неговите зборови е 1 денар за килограм.
– Бев на терен. Навистина имаме сериозен проблем со бостанот поради производството во околните земји, особено во Србија. Затоа веднаш, по сите средби со производителите и откупувачите, на итна владина седница ја донесовме Одлуката за дополнителна субвенција од два денара по килограм продадени лубеници кај регистрирани преработувачи од 3 до 15 јули, кога и количините за пласман се најголеми. Земјоделците укажаа дека токму овој период, од 3 до 15 јули ќе биде најкритичен и дека се очекува стабилизација на цената дури потоа зашто понудата ќе се намали, вели Николовски.
Продавач на Кванташкиот пазар во Скопје се пожали дека за земјоделците во Македонија нема живот, дека бостанот се продава за 1 денар, а 5 кила пиперки чинат 50 денари.
-Сакам да кажам на сите Македонци и кои се во странство и кои се во Македонија, кои се во Европа, јас седам на кванташки пазар, сакам да кажам на сите дека 5 кила пиперки се продаваат за 50 денари. Сакам да кажам дека бостанот е 1 денар, за 20 денари има 5 кила, 10 кила лубеница, дињата е 20 денари парче, луѓето немаат пари, нема живот, нема живот во Македонија и сакаме да бегаме во Европа. Во Македонија инспекцијата доаѓа секој ден, јас за себе говорам, а и другите нека слушаат, ми доаѓа инспекцијата и полицијата секој ден, ми пишуваат, зошто јас сум сиромашен човек, изјави продавачот.
Тој се пожали дека неговата жена е болна, дека нејзиниот вид е слаб, дека тој е таму дојден за парче леб, за не краде, а инспекцијата и полицијата доаѓале сакајќи да му ја земат робата и возилото.
–Јас доаѓам тука за да хранам моето семејство чесно, а доаѓа некој тука за да ми ја зема робата и да одам нема каде да одам. Не можам да крадам, не сум научен. Терам начин на работа, а не некој да дојде тука да ми се прави газда, да ми ја зема робата, изјави продавачот.
Уште еден од продавачите на лубеница се пожали дека во Македонија во моментов за нив нема живот, ја замоли Владата да помогне во оваа ситуација, а не како што им било најавено дека ќе им биде собрана робата.
Уште еден од примерите на лошата работа на новата Влада е и состојбата со праските во Македонија, каде земјоделците поради немањето пласман ги истураа по улиците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)