| четврток, 6 декември 2018 |

Нелоски: УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ и секогаш сме на браникот на државните интереси

Вечерва со почеток од 20 часот, во Античкиот театар, во Охрид, ќе се одржи 26-тата по ред годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, најави денеска претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски.

-Оваа годишна конференција одиме со мотото „Движиме“. Го одбравме ова мото поради две причини. Првата причина е поради фактот што УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ. А, втората причина е поради фактот што без разлика на околностите, без разлика дали сме на власт или пак во опозиција нас тоа не ни менува. Како УМС секогаш сме на браникот на државните интереси, на интересите на Република Македонија,
истакна Нелоски од Охрид.

Вечерва, додаде тој, овој театар ќе биде преполн од млади луѓе, млади луѓе кои што имаат ентузијазам и енергија да работат заедно за нови победи.

-Сакам сега да ја искористам оваа прилика да ги поканам и сите останати луѓе, постари членови на партијата но и симпатизери и неопределени, доколку имаат можност и се наоѓаат денеска во град Охрид да ни се приклучат на нашата годишна Конференција. Годишната Конференција ќе има формален и неформален дел. Во неформалниот дел ќе имаме културно-забавна програма и изложба. Додека во формалниот дел ќе имам јас лично говор и претседателот на нашата партија, господинот Никола Груевски,
додаде Нелоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top