Финскиот пилот од редовите на Мерцедес, Валтери Ботас го заокружи перфектниот викенд во Австрија и ја запиша втората победа во својата кариера.
Ботас ја искористи пол-позицијата и одличниот старт му донесе солидна предност по првите неколку круга, која знаеше да ја задржи до крајот на трката. Стартните три места останаа непроменети, па Фетел се искачи на второто место, а Рикардо на третото.
На неколку круга до крајот на трката Ботас како да загуби брзина и дозволи Фетел да се доближи на неколку десетинки. Но, Финецот остана смирен и ја задржа лидерската позиција на голема радост на неговата екипа.
Луис Хамилтон се најде во иста ситуација како Фетел но истотака не успеа да го мине возачот на Ред Бул Рикардо во самиот финиш и мораше да се задоволи само со четвртото место иако трката ја стартуваше од од осмата позиција.
Фетел ја искористи казната на својот конкурент за титулата и ја зголеми предноста во генералниот пласман. Сега, Германецот има 20 бода повеќе од Британецот во пресрет на трката за ГН на Велика Британија наредната недела.
Ботас ја запиша втората победа оваа сезона, по славјето на патеката за ГН на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.