Валтери Ботас го освои првото место на денешните квалификации за трката за ГН на Австрија, која финскиот возач утре ќе ја стартува на чело на колоната. Членот на Мерцедес извозе одлично, а во прилог му одеше и излетувањето на Роман Грожан пред самиот крај на квалификациите, поради што со појавувањето на жолтите знамиња ривалите немаа можност да го загрозат неговото прво место.
Веднаш до него на чело на колоната ќе биде Себастијан Фетел, додека Луис Хамилтон утрешната трка ќе ја стартува како осмопласиран. Имено, иако денеска имаше трето најдобро време, Британецот е казнет со пет позиции поради проблемите со болидот и менувањето на уредот за менување на брзини во пресрет на оваа трка.
Зад Фетел на утрешната трка ќе стартуваат Раиконен и Рикиардо, а пред Хамилтон уште ќе се најдат и Ферстапен, Грожан и Перез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.