| четврток, 6 декември 2018 |

Сите гледаа во најбогатата Србинка- кого повела со себе?

Поранешната членка на групата Моделс и жена на рускиот милијардер, Александра Мељниченко ја посетила француската престолнина со својата преслатка ќерка Тара каде ги посетуваат модните ревии на висока мода.

Мајката и ќерката се решиле за модната ревија на Шанел да се облечат слично, што се претпоставува дека било желба на Тара, која Александра и ја исполнила.

Розевите фустани и очилата во ист стил предизвикаа воодушевување на модните фотографи кои ја забележаа оваа фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top