Фудбалерот на Баерн Минхен, Даглас Коста е само на чекор од трансфер во Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.
Челниците на „Старата дама“ се исклучително блиску до договор со Баерн, во обидот да ги „наговорат“ Баварците да го пуштат Коста на позајмица во Торино. Доколку успее планот на Јувентус, Даглас Коста од следнава сезона би го облекол црно-белиот дрес, а „Старата дама“ по истекот на позајмицата би имала ексклузивно право на откуп на неговиот договор.
Како што е познато, Баерн Минхен од претходно определи цена за овој офанзивен крилен фудбалер која изнесува 50 милиони евра. Но, согласно шпекулациите, Јувентус упатил понуда до германскиот тим во висина од 40 милиони евра. Со оглед на тоа што таа не биле доволно, сега на пат е договор за доведување како позајмен фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.